
“Кога е во прашање грижата за граѓаните, потребен е координиран меѓуресорски пристап. Токму затоа, на големо задоволство денес во соработка со Министерството за здравство го промовираме проширувањето на проектот Домашна визита, со грижа и помагање на стари лица корисници на правата од социјалната заштита како правото на надоместок за грижа од друго лице (туѓа нега), надоместок за глувост, надоместок за слепило, мобилност и постојана парична помош, односно лица кои се во потешка здравствена состојба, работно неспособни, болни изнемоштени, лица со инвалидност, лица кои имаат потешкоти во движењето . При што во домашни услови, стручните медицински тимови во соработка со Центрите за социјална работа, ќе им овозможат здравствена нега и пружање на основните здравствени услуги како и стручна помош”, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Во првата фаза ќе бидат опфатени лица на возраст над 50 години а потоа сите останати.
OhridNews












