Во рамки на активностите за асфалтирање, санирање и реконструкција на улиците во градот, деновиве интензивно се работи на проширување на дел од улицата „Ристо Чадо““, во должина од 200 метри.
Од локалната самоуправа информираат дека е предвидено и поставување на ивичници и тротоар, со што ќе се придонесе кон зголемување на безбедноста на пешаците.
OhridNews