Екипи од јавното претпријатие „Нискоградба“, извршуваат градежни активности во село Велгошти, кај црквата „Св.Климент“, каде што се врши подготовка на патот за поплочување со бекатон плочки.

Од јавното претпријатие информираат дека нивни екипи се на терен и вршат проверка и на пумпните станици кај Канео, „Св. Софија“ и кај Малиот Плоштад .