Ј.П.”Охридски Комуналец” утрово почна со прскање на дрворедите од липи на територијата на Општина Охрид против лисна вошка. Прскањето како што информираат од јавното комунално претпријатие се врши со средството а.м. tiakloprid 480 g/l.

За активностите претходно беше известена јавноста, а на внимателност се повикуваат пчеларите бидејќи пчелите се чувствителни на средствата со кои се врши прскање на дрвјата.

OhridNews