– Дефектот е лоциран, снегот натежнал на каблите кои потоа од ветрот и невремето се допреле и сега целата траса е обвиткана во лед. Се санира дефектот и далноводот брзо ќе биде пуштен под напон, велат од ЕВН.
Од компанијата информираат дека потрошувачката на електрична енергија во првата декада од декември е зголемена за 25 отсто во однос на истиот период лани, а една од главните причини за зголемената потрошувачка се должи на ниските температури .
Најголема потрошувачка на електрична енергија е евидентирана во Скопје. На 12 декември во Скопје се потрошени 9,9 милиони киловат часа, а во целата земја засега 23,97 милиони киловат часови, што е своевиден рекорд за декември.