Согласно  Законот за градежно земјиште, во тек е изготвување на Нацрт- програма за управување со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија за 2011 година  кое се наоѓа на територијата на Општина Охрид, информираат од Локалната самоуправа.

Сите заинтересирани правни и физички лица, невладини организации, бизнис и други професионални асоцијации, доколку имаат предлози за Нацрт- програмата за управување со градежното земјиште, во писмена форма можат да ги достават до Секторот за урбанизам при Локалната самоуправа, заклучно до 19 август 2011 година.

OhridNews