На иницијатива на градоначаникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски, денес вработените на ЈП за комунална дејност “Дебрца”, се вклучија во акцијата за чистење на магистралниот пат Охрид-Кичево што поминува низ Општина Дебарца, во должина од 35км.

– Секој отпад ќе биде собран и соодветно третиран. Упатуваме и молба до оние кои ќе минуваат низ овој патен правец да не фрлаат отпадоци на јавната површина покрај патот. Во спротивно секој прекршител ќе одговара согласно законот за животна средина, велат од јавното претпријатие.

Оттаму нагласуваат дека активностите продолжуваат и во наредниот период, при што ќе бидат опфатени сите населени места во општината. Претпријатието неодамна набави и нови средства за работа потребни за извршување на дејноста и одржувањето на јавната чистота.

Пред три дена екипи од ЈП Охридкси комуналец започнаа активности за расчистување на магистралниот пат Охрид – Скопје, на потегот од Охрид до сообраќајната клучка до општина Дебарца.