Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ оваа работна седмица го расчистуваат шумскиот дел на охридското Кале, на потегот од „Горна Порта“ до месноста „Дрвара“.
-Бидејќи временските услови се поволни, а вегетацијата e во фаза на мирување, се расчистува ниската и дива вегетација, како бршлените и трњето. Во шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот се отстранети исушените дрвја од видот багрем и јасен, а заради непречено движење на пешаците и возилата, гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот се поткастрени, информираат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека од овој простор е подигнато и големо количество на расфрлан комунален отпад и градежен шут, кој несовесните граѓани го депонирале на овој потег од градот.
OhridNews