Екипи од Јавното претпријатие Охридски комуналец, денес, почна да го расчистуваат предворјето на катедралната црква Св. Софија.
Акцијата опфаќа уредување на тревникот пред црквата, западниот дел на верскиот објект, каде во текот на летниот период се одржуваат дел од содржините од фестивалот “Охридско лето”, се расчистува сметот, а ќе се изврши и дезинфицирање на дел од просторот.
Од страна на жителите од стариот дел од градот во неколку наврати беше барано од надлежните да се преземат мерки за поголема заштита на просторот околу црквата, каде често пати може да се забележи расфрлан отпад и измет.
OhridNews