Екипи на јавните претпријатија “Охридски Комуналец“ и “ Водовод“ од Охрид веднаш по паѓањето на снегот од доцна попладнево се на терен и работат на неговото расчистување, информираат од локалната самоуправа.
-Се чистат централните и периферни градски улици, тротоарите ,стариот дел од Охрид, охридската чаршија и населбата “Бејбунар“. Во акцијата се употребува механизацијата од овие две претпријатија, возила со ножеви, градежни машини и еден трактор со нож што минува низ населбите “Месокастро“ и “Варош“. Низ тесните градски улици и секаде каде што е потребно ќе се фрлат околу пет кубика ризла и сол. – стои во соопштението.
Екипите на “Охридски комуналец“ и Водовот ќе бидат на терен до доцна во ноќта односно до кога тоа го налагаат временските услови. Надлежните служби од општина Охрид , апелираат до охриѓани да се вклучат во акцијата односно да ги расчистуваат своите дворови од снежната покривка со цел да го олеснат движењето во зимски услови.
OhridNews













