После синоќешните снежни врнежи мобилизирани се дежурните екипи на ЈП Охридски Комуналец со целокупната расположлива механизација и човечки ресурси.
Се интервенира во расчистување на снежната покривка според приоритет: повисоки населени места, главни сообраќајници, пешачки зони и пристапни патеки до објекти од витално значење, информираат од претпријатието.
Посочуваат дека будно ќе се следи состојбата во текот на денот и ќе се интервенира каде наметнуваат потребите.
OhridNews

















