И покрај реализираните акции (редовни и вонредни) за подигнување зелен отпад од уредување на градини и земјоделски површини, како и кабаст отпад, повторно создадени диви депонии на повеќе локации со енормни количини отпад.

Оперативните служби, со ангажман на расположливата специјална механизација, вчера и денес, реализираа акција за подигнување зелен и кабаст отпад од мини депонии создадени од несовесни поединци од ул. „Кленоец”, населба „Црногорци”, од просторот на поранешната касарна и село Долно Лакочереј, посочуваат.
OhridNews














