По вчерашните врнежи од снег, на терен излегоа екипите на охридското јавно претпријатие „Комуналец“. Со рачна и специјална мехенизација, мобилните единици се обидуваа да обезбедат непречено движење на пешаците, односно возилата.

Рачно се расичстуваа најфреквентните тротоари, пешачки премини, односно патеки до училиштата и градинктите. Со специјална механизација се чистеа снежните наноси од коловозните ленти, како и патните правци кон приградските населби Велестово, Рамне и Елшани.

Како што информираат од ова јавно претпријатие, поради најавените врнежи кои ќе траат до сабота, екипите остануваат мобилизирани.

OhridNews