
Според претпријатието, поради ниските температури постои опасност од појава на голомразица и лизгање на патиштата низ градот. „Се работеше во текот на ноќните часови со посипување на сол и ризла по улиците. Исто така, покрај специјалната механизација беа мобилизирани и работници за рачно расчистување на пофрекфентните тротоари и чаршијата“ – велат од Ј.П „Охридски Комуналец“.
Поради специфичноста на теренот потешко се одвиваше сообраќајот во наслебите „Бараки“, „Стар Град“, приградските населени места Рамне, Велгошти, Велестово, Лакочереј, како и Коњско. Како што напоменуваат од претпријатието, активностите се спроведуваат согласно предвидената програма за зимско одржување на патиштата во охридскиот регион.












