По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици  вработени во јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, денеска, вршеа расчистување на дивата депонија на плажата Лабино, во делот под карпите. Во акцијата беа подигнати искршени пластични лежалки, предмети од домаќинство кои биле оставени од страна на несовесни граѓани.

Поради непристапноста на теренот акцијата се спроведуваше со помош на чамец и беа ангажирани седум комунални работници.

Подигнатиот отпад со чамец е транспортиран до Грашница, а потоа со специјално комунално возило е соодветно депониран.

OhridNews