Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на вчершаниот ден спроведоа акција за чистење на локалниот пат од булевар „Туристичка“ до селото Орман.
-Потегот покрај патот беше целосно исчистен, при што беа собрани 20 вреќи комунален отпад. Во акцијата беа ангажирани 4 работници, информираат од претпријатието. Оттаму упатуваат апел до месното население, отпадот да го депонираат до местата предвидени за тоа бидејќи „Охридски Комуналец“ врши благовремено подигање на истиот.
Оваа акција е дел од активностите кои се спроведуваат за подигнување на јавната свест кај населението.
OhridNews