Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на денешниот ден спровеле акција за расчистување на сливот на реката Грашница и градската плажа од хотел „Мизо” до Калето.

Во рамки на акцијата која била спроведена по налог на комуналната инспекција, биле подигнати околу 30-тина вреќи неразградлив комунален отпад како голема количини на трска.

Од претпријатието информираат дека вакви слични акции ќе бидат спроведени и во текот на наредните денови, со цел да се подигне еколошката свест кај населението.

OhridNews