Белорускиот ракометен првак, Динамо Минск се распадна како кула од карти откако управата на клубот прогласи банкрот.

Сите ракометари кои беа членови на шампионот од Белорусија се слободни играчи и можат да си бараат нов клуб. Иако проектот Динамо Минкс беше најавував како голем и сериозен сепак тоа не се случи и клубот замина во историјата.

Токму овој клуб беше противник на македонските преставници Вардар и Металург во групната фаза од Лигата на Шампиони и заврши на петтата позиција.

Минатата сезона до историскиот пласман меѓу најдобрите осум Металург стигна по елиминација на Динамо Минск, а пред стартот на сезонава од нивните редови во Автокоманда стигна Павел Атман.

Мх.П.