Славната дизајнерка почна да го плаќа данокот на бројните пластични операции и времето поминато на кварцање, па нејзиното лице буквално почна да се распаѓа откривајќи ги брчките и шавовите, а и онака полните усни почнале да и натекуваат, поради што дизајнерката планирала повторно да се подложи на пластични операции.

52-годишната Донатела ни приближно не изгледа онака гламурозно како на почетокот на кариерата, а за тоа очигледно се виновни бројните естетски операции поради кои нејзиното лице е во многу лоша состојба. 

Најновите фотографии покажуваат како сестрата на легендарниот Џани Версаче за кратко време „остарела неколку децении“, но и покрај се дизајнерката не отстапува од својот имиџ за кој сеуште мисли дека е атрактивен.

Бланшираната коса и парчињата облека од нејзините колекции, кои повеќе откриваат отколку што покриваат, и понатаму се заштитен знак на дизајнерката која во деведесетите се лечеше од зависности, а сега поминува тешки моменти со ќерката Алегра која заради анорексија неколку пати беше на работ на смртта.

„Лузната на носот е последица на претераното изложување на сонце, а знаеме колку таа сака да се сонча. На сликите јасно се гледа колку пати Донатела го затегнала лицето, затоа што шавовите сега попуштаат па целото лице и е обесено“ изјавил за Дејли Меил, Апостолис Гаитанис, познат пластичен хирург.

J.M.