Во посета на општина Дебарца, денеска, беше новиот директор на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ.
Тој оствари средба со Градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајкоски. Тие разговарале за археолошките локалитети на територијата на општина Дебарца и нивно отворање и промоција пред туристите. Општина Дебрца изобилува со многу археолошки локалитети меѓу кои се Требенишкото кале кај Требеништа, Градиште кај Кула Ново Село, Градиште кутлина Кај Велмеј,Брежанко кале, Манастирец кај Ботун, Лактинско кале, Мраморечко кале кај Мраморец и други.
На состанокот било разговарано и за можноста наредната година да се започне со истражување на некој од значајните археолошки локалитети во општина Дебарца.
OhridNews