Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари средба со претставници од авио компанијата  ОнурЕр на која се  разговараше за можностите и условите  за воспоставување на нова линија на релација Охрид–Истанбул.

Министерот Сугарески ги презентираше условите што ги нуди  Македонија на авиокомпании кои се заинтересирани да оперираат од двата аеродроми. Тој потенцираше дека развојот на авиосообраќајот е приоритет на владата на  Македонија и во таа насока политиките на Министерството за транспорт и врски ќе се движат кон обезбедување на широка мрежа на дестинации во Европа и светот.

На средбата се разговарало и околу заголемувањето на  капацитетите на искористеност на аеродромот Св Апостол Павле во Охрид.

OhridNews