
Нова вербална пресметка кандидатите за градоначалник, Александар Петрески и Кирил Трендафилов – Нанче, закажаа за денеска. Петрески најави дека на прес конференција што ќе се одржи во ОИШ на СДСМ, ќе зборува на тема “Методите на ДПМНЕ во вториот изборен круг”. ОИШ на ВМРО ДПМНЕ, ќе возврати со прес на кој како што е најавено дека ќе говори кандидатот за градоначалник, Трендафилов.
Меѓусебните обвинувања на кандидатите го свртеа вниманието на јавноста во Охрид, која со особен интерес го следи продолжението од изборната кампања. Охриѓани очекуваат од двете страни кампањата да ја водат фер и демократски, со што ќе придонесат кон создавање позитивна атмосфера во пресрет на одлучувачкиот круг на гласање на 5-ти април. На ова ќе апелира и американскиот амбасадор, Филип Рикер, кој како што веќе објави “Оhridnews” во понеделник ќе оствари средба со градоначалниците на Охрид и членовите на Општинската изборна комисија. На средбата тој уште еднаш ќе ја пренесе пораката на американскиот претседател Барак Обама, кој неодамна укажа од важноста овие избори во Макдонија да бидат фер и демократски, со што земјата ќе го трасира својот пат кон НАТО и ЕУ.











