Охридскиот ракометен клуб “РК Охрид 2011“ побара засилено полициско обебзедување за ракометниот меч, Охрид – Струга кој в недела од 17 часот во СРЦ “ Атина Бојаџи“ се игра во рамките на натпреварите од Првата Македонска ракометна лига.


– На социјалнaтa мрежа (Facebook) има најави дека навивачки групи од Струга ќе присуствуваат на натпреварот за да го бодрат својот тим. Ние контактиравме со одговорните лице во РК Струга Илинден и тие не известија дека клубот официјално нема да носи публика во Охрид, меѓутоа не ја отфрлаат можноста некои навивачи сами да се организираат и да дојдат на натпреварот. Имајќи го во предвид  ривалитетот помеѓу навивачките групи од Охрид и од Струга, како и говорот на омраза и тензијата која понекогаш може да се забелижи на социјланите мрежи сметаме дека е потребно дополнително да ве информираме за СВР – Охрид  да можете да превземете соодветни мерки – се вели во соопштенито од клубот.


СВР Охрид досега неколку пати организираше средби под мотото “Стоп за насилството во спортот“  со охридските спортски клубови, како и преставници на невладиниот сектор во Охрид. На тие  средби клубовите беа запознаени со законските одредби и обврските на спортските клубови и организаторите на спортските натпревари и манифестации.

Ohridnews