Општина Охрид секоја година со воведување летен режим на сообраќај се обидува да го реши проблемот со зголемениот  обем на сообраќај во туристичката сезона. Охрид има 20000 регистрирани автомобили, а во туристичкиот шпиц дневно низ тесните градски улици се движат и над  40000 возила. Најкритично е во стариот дел на градот каде оваа  туристичка сезона  покрај забраната за движење во периодот од 20 часот од 05 часот која не важи само за локалните жители и лица со специјални пропусници, се воведува и целосна  забрана за запирање и паркирање на главните улици на овој простор. На овој начин само ќе се ублажи сообраќајниот проблем во старото градско јадро, сметаат одговорните во локалната самоуправа, според кои е потребно да се размислува и за порадикални мерки, како што е воведување на целосна забрана за сообраќај во заштитените зони.

Набрзо ќе дојде време каде што во овој дел од градот треба потполно да се забрани сообраќајот. Сметам дека и проблемот на граѓаните во овој дел од градот со работата до доцна во ноќта на угостителските објекти и бучавоста се производ на сообраќајот и со скратување на тие пипци на движење на сообраќајот ќе се намалат тие гужви во тој дел на градот,  вели Зоран Шикалески, одговорен за сообраќај во локалната самоуправа.

За реализација на ваквата идеја општината најпрвин треба да го реши проблемот со паркирање на жителите од стариот дел на градот, што ќе биде исклучително тешко, затоа Охрид во туристичката сезона се соочува со хроничен недостиг на  паркинг места.

– Проблемот со парткирањето ќе се надминува со зголемување на зоните на паркинг со наплата и тогаш ќе го немаме ова движење на одредени возачи кои сметаат дека со постојано кружење ќе најдат паркинг и автомстки на тој начин го зголемуваат бројот на возила во тој дел на градот, објаснува Шикалески.

За решавање на сообраќајниот проблем,  според надлежните, Охрид треба да размислува за изгрдаба на нови улици и патишта, како и паркиралишта надвор од градската зона од каде луѓето би користеле јавен превоз и такси за пристигнување  до крајната дестинација.

OhridNews