Арнолд Шварценегер и неговата сопруга Мариа Шривер објавиле дека по 25 години брак се разведуваат во пријателски односи. Оваа вест шокирала многу од нивните блиски пријатели. Парот има четири деца, а Мариа пред осум години му давала огромна поддршка на сопругот во кампањата за гувернер на Калифорнија.


Обајцата изјавиле дека сакаат да поработат на самите себе и на своите кариери. Арнолд во соопштението за јавноста изјавил дека по многу размислувања, разговори и молитви, заедно дошле до оваа одлука. Додал дека ќе живеат одделно додека работат на иднината на нивниот однос.