Како што пишуваат американските таблоиди, причина за разводот на Џулија Робертс и сегашниот сопруг е љубомората. Како што наведуваат, посебно не му се допаѓал нејзиниот однос со актерот Марк Руфало, со кој таа глуми во телевизиската драма „The Normaln Heart”.
Иако Руфало е оженет и има три деца, тоа не влева доверба кон сопругот на Џулија, кој е уверен дека помеѓу нив нешто постои. Причина повеќе за тоа е и фактот што и самиот тој бил оженет кога ја запознат славната актерка. Извор близок до брачниот пар наведува дека во реалноста биле многу слични, обајцата биле либерални и друштвено одговорни.