Бракот на Никол Кидман и Кит Урбан е во криза, тврдат добро упатени извори. Причина за нивните чести и жестоки кавги, наводно е нејзината љубомора на Џенифер Лопез, со која Кит „малку повеќе“ се зближил за време на снимањето на популарното шоу „Американски идол“.

На Урбан, пак, му смета тоа што неговата сопруга станала зависка од ботокс и третмани за подмладување. Американското списание „Стар“ наведува дека немале секс со години, а дека разводот ќе биде „тежок“ 175 милиони долари. Парот се венчал во 2006 година има две ќерки, Сандеј Фејт и Фејт Маргарет.