Актуелниот македонски ракометен првак Металург ја предводи листата на екипи кои ќе земат учество на јубиленото 40 издание на струшкиот ракометен турнир коj во средината на август ќе се одржи на отвореното ракометно игралиште во Струга.


Турнирот кој за прв пат се одржа во осумдесетите години од минатиот век од група ентузијасти од година во година прераснува во респектабулен меѓународен спортски настан. На него низ годините продефилирале многу ракометни екипи и виртуози на ракометната игра.

– Квалитетот на меѓународниот турнир оваа година успеавме да го подигнеме на едно повисоко ниво. Се надеваме во иднина не само да го одржиме туку и истото да го подигнеме.На него учество ќе земат Металург од Скопје, петткратен македонски првак и четирикратен освојувач на купот на Македонја, Данкерк од Франција, овогодинешен финалист во ЕХФ купот, Динамо Минск шампионот од Белорусија и учесник во Лигата на Шампиони, Брест Мешков вицешампион во Белорусија и учесник во ЕХФ купот, Дадеман Бакал вицешампион во Романија и учесник во ЕХФ купот,, како и домаќинот Струга-  рече спортскиот директор на турнирот Сашо Србиновски

Познати се и групите во А групата ќе играат Металруг, Брест Мешков и Дадеман Бакал, додека во Втората група ќе играат Данкерек, Динамо Минск и Струга.

Натпреварите ќе се играат од 15 до 18 вгуст во вечерните часови на ракометното игралиште на Женска Плажа од 19 часот и 20.30 минути, кое за оваа потреба ќе биде реновирано со специјална гумена подлога по стандардите на ЕХФ.


– Овој меѓународен турнир во ракомет ја брендира Струга на спортска и секако туристичка карта.Тој е еден од најголемите аниматори но и извор на ракометари кои со сета своја спортска душа го вивнаа македонскиот ракомет како рамноправен партнер на европскиот и светскиот ракомет. Оваа година според начинот на организацијата и квалитетот на екипите на најдостоинстев начин ќе го одбележи својот 40 роденден. Придобивките за Струга од овој турнир се многу големи, од развивањето на спортскиот дух, па се до туристичката промоција, на потенцијалите на Струга – рече претседаелот на Организацинот Одбор, Лилјана Затуроска.

Спортскиот директор на Металург Левче Китевски го истакна задоволството што клубот во кој костурот на ракометарите е од Струга ќе биде дел овој турнир.

– Чест и задоволство ние што ќе бидеме дел од 40 издание ,клубот во моментов го има најдоброто од Македонија, репрезентативци кои беа петти на последното европско првенство, ракометари на Металург кој влезе меѓу ТОП 16 во Европа, а токму поголемиот дел од играчите се од Струга, а носител на играта е стружанецот Наумче Мојсоски. Откажавме многу турнири и обврски за да учествуваме на овој турнир , за да го оживееме и да го вратиме квалитетот на турнирот. – истакна Левески.


За носителот на играта на македонскиот првак Наумче Мојсоски, ова ќе биде враќање на теренот каде и ги направи првите ракометни чекори.

– Драго ми е што после толку години, се враќам на овој турнир , и посебно ми е драго што на овој турнир после толку многу години му се враќа стариот сјај. Струга како град и оваа спортска нација во Струга заслужуваат да имаат еден ваков турнир. Со овај турнир луѓето кои го организираат му помогаат и на клубот. Со самото наше доаѓање како и квалитетните екипи ќе се врати меѓу врвните турнири на Балканот и овој турнир ќе наликува на оној турнир во Добој.Последен пат овде играв со младинска репрзентација во подготовките за СП во Турција, и тогаш беше одличен турнир очекувам полно гледалиште, добро навивање и одлична атмосфера. Нашите апетите се првото место и освојување на турнирот – вели Мојсоски.

На турнирот годинава нема да настапи минатогодишниот победник Пелистер како и клубот со најмногу торфеи Вардар кој во истиот период ќе настапува на турнир во Германија.

М.П.
фото Емилио