УО на ФФМ на последната седница си купи уште една недела простор за маневар во изборот за новиот селектор на Македонија.
Јавноста и македонските медиуми отворено навивааат за Чедомир Јаневски, но од друга страна сите во петокот во пресрет на седницата во Скопје, го “крунисаа“ Мирсад Јонуз за в.д. селектор до крајот на циклусот.
Хаџи – Ристески ја доби подршката од УО да преговара со сите оние кои пратиле свои биографии на конкурсот. На тој конкурс повеќе е јасно дека Јонуз доставил кратка биографија, додека до одржувањето на седницата сега веќе поранешниот тренер на Црвена Звезда, Јаневски немаше испратено.
Во меѓувреме тој поднесе оставка во Црвена Звезда и комплетно може да му се стави на располагање на националниот тим, за кој веќе одамна подготвен е Јонуз.
Последниот кој би можел да седне или да остане на македонската клупа е првиот помошник на Катанец, Вујадин Станојковиќ, него се помалку го има во медиумите, но и оваа опција воопшто не е исклучена.
Странски селектор не е во опција, тоа веднаш му стана јасно на хрватот Иванковиќ, кој само што се пријави ја повлече својата кандитаура.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...