Таа за својата одлука го информирала селекторот на македонската репрезентација Гино Стрезовски и Ракометната федерација на Македонија.
Се редат отказите во женскиот национален состав
21.12.12 11:18
Настапот на ракометното Европско првенство во Србија, беше последен за првиот голман на женската репрезентација на Македонија, Тања Андрејева која одлучи да ја прекине репрезентативната кариера.
Андејева е втората ракометарка од селекцијата која се повлекува од националниот состав откако на таков чекор се одлучи и бекот Јулија Николиќ по завршувањето на ЕП во Србија.
Селекцијата на Македонија континенталниот собир во Србија го заврши неславно на последното 16-то место.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










