
Со цел да се минимализира протокот на патници, а сепак да се услужат патниците кои одат и се враќаат до и од работните места во општината, сите превозници кои возат во градско-приградскиот сообраќа во Охрид, „Галеб“ АД Охрид, „Ина П Компани“, „Експрес Димакс“ и „Бале Турс“, почнувајќи од 16 март, понеделник, ќе ги редуцираат локалните линии.
Молиме за разбирање од страна на патниците, бидејки сите се наоѓаме во една сериозна и специфична ситуација. – стои во заедничкото соопштение на охридските автопревозници.

Засега остануваат активни 4 линии за Скопје преку Кичево, информира „Галеб“.
OhridNews












