Деновиве започнаа градежни активности за реконструкција на подрачното Основно училиште во село Оровник.

Активностите за реконструкција на училиштето ги реализира општина Дебрца во соработка со Југозападниот плански регион, во рамки на проектот за енергетски ефикасни објекти, финанисран од Бирото за регионален развој.

-Според динамиката за изведување на градежните активности предвидено е отстранување на стариот дрвен под, изведба на армирано бетонска меѓукатна конструкција, завршна обработка на подови со керамички плочки и ламинат, замена на сите внатрешни врати, замена на надворешната дрвена столарија со нова изработена од ПВЦ профили и реконструкција на санитарни јазли, информираат од општината.

Објектот од училиштето е изграден 1954 година, а во последните неколку години беше во многу лоша состојба и му беше потребна итна реконструкција.

OhridNews