Во тек се градежни активности за реконструкција на две спортски игралишта во Охрид. Станува збор за повеќенаменското игралиште во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача, кое е наменето за спорт и рекреација на учениците и игралиштето во станбениот комплекс на ул. „7 Ноември“ (наспроти Кам Вилиџ).
Истото ќе биде опремено за баскет и ќе има фитнес реквизити, кои ќе бидат наменети за жителите од овој дел на градот, информираат од Општина Охрид.

OhridNews












