Во рамки на започнатите активности за уредување на населбата Канео и делот што води кон црквата „Св. Јован- Канео“, денес  Јавното претпријатие „Градски гробишта“  започна со реконструкција на постоечките потпорни ѕидови, кои се опасност за минувачите. Освен реконструкцијата на старите, планирано е да бидат подигнати и нови потпорни ѕидови.

На овој простор се планира поставување и на ново осветлување, односно замена на старите со нови фенери, со што ќе се добие уредена патека. Исто така овој простор ќе биде  хортикултурно уреден, а ќе се оформат и нови зелени површини.

OhridNews