Во тек се работни активности за комплетна реконструкција на сите санитарни јазли во ОУ „Христо Узунов“.
Во рамки на раконструкцијата ќе биде извршена промена на водоводната инсталација, ќе биде поставена нова санитарна опрема и плочки.Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. – информира градоначалникот Константин Георгиески.

Деновиве со поддршка на Општина Охрид се уредуваат и основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“.
Со активностите е опфатено варосување на училниците и кабинетите, варосување на надворешните ѕидови и естетско уредување на училниците.
После завршување на активностите за уредување на овие две училишта, ќе се продолжи со уредување на останатите основи и средни училишта во Охрид, најави градоначалникот Георгиески.
OhridNews














