Ловџија од струшкото село Октиси вчера се самоповредил со својата пушка, додека бил на лов со пријател.

Според полицијата, несреќата се случила околу 7 часот и 40 минути во моментот кога повредениот истрелал еден истрел со ловната пушка, при што сачмата се одбила од камен и го повредила во пределот на окото.

Повредениот, веднаш бил пренесен во Општата Болница во Струга од каде поради сериозноста на повредата е префрлен во охридската болница. Службите на СВР Охрид ги преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews