Светски познатиот готвач и раскажувач, 61-годишниот Американец Ентони Бордејн, се самоубил, објавија светските медиуми.
– Со огромна тага соопштуваме за смртта на нашиот драг колега и пријател Ентони Бордејн. Неговата љубов кон авантурите, новите пријателства, убавата храна и пијалок беа пресликани во неговите емисии. Неговиот стил беше единствен. Многу ќе ни недостига, пишува во изјавата на „Си-ен-ен“, која беше објавена денес.
Бордејн беше во Франција каде што се снимаа новите епизоди од неговата емисија. Неговиот близок пријател Ерик Риперт, францускиот готвач го пронашол мртов во неговата хотелска соба утринава.
OhridNews