Полицаец вработен во граничната полициска станица Сопот кај Куманово во среда попладне се самоуби, соопшти МВР.
Триесет и едногодишниот Драган Јосев од Свети Николе, за време на работното време, околу 16.15 часот, се самоубил, пукајќи си со автоматска пушка.
Извршен е увид на лице место, но засега не се познати причините за самоубиството.
OhridNews
извор:„Макфакс“