Утринава, околу 1 часот, во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо” дошло до самозапалување на еден од пациентите.

Според информациите од СВР- Охрид, станува збор за Фејзула М. роден 1960 година,  од струшкото село Радолишта, неподвижно лице кое веќе три години се лекувало во болницата.  

Првичните наоди укажуваат на тоа дека се работи за несреќен случај, при што нема елементи на насилна смрт. Се претпоставува дека  на пациентот му паднал жар од цигара на креветот, по што настанал пожар во кој лицето се здобило со изгореници и починало на самото место. Увидот е во тек.   

OhridNews