По пријава за дефект на канализациона линија на ул. „Димитар Влахов“ екипа на ЈП Нискоградба Охрид излезе на увид на лице место, информираат од претпријатието.
Поради неможноста да се ослободи линијата со цистерна под млаз вода и констатирано поголемо запушување се премина кон поопсежен зафат и отворање на линијата со градежна механизација. При ископ на канализационата мрежа е откриена причината поради која е настанато запушување на линијата. Извадено е пластично буре, ќебе и остатоци од градежен шут (цемент), велат од претпријатието.
Воедно додаваат дека ваквите појави иако се изолирани се почесто се среќаваат во помал обем што говори за нашата култура на живеење како и нашата грижа за јавните добра.
OhridNews