Се санира објектот на „Меморијалната куќа на Григор Прличев“, информираат од НУ Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

Во тие активности во текот на октомври 2024 година, се санираа ѕидните платна од јужната страна и плафонот во приземјето како и одредени интервенции на увалите на кровот, чистење на олуци како и промена на искршени ќерамиди и заливање на слеменици и грбини, додаваат од НУ Завод и Музеј Охрид.
OhridNews











