Деновиве на повеќе охридски улици се санирани оштетените успорувачи на брзина. Претходно, граѓаните на неколку наврати преку медиумите апелираа до надлежните да го решат овој пробле, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Исто така, изминатата недела ЈП „Нискоградба“ изврши обележување на раскрсниците и пешачките премини кои се наоѓаат во близина на основните и средните уличишта во општина Охрид.
O.T.