Во тек е санација на јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум каде во текот на зимскиот период беа забележани сериозни оштетувања под бекатон плочките.

Градежните зафати ги изведуваат работници од ЈП Нискоградба, а со средства на министерството за транспорт и врски и охридската Капетанија на пристаништа.

Првично мислевме дека станува збор за поедноставен зафат, но кога почнаа испитувањата се покажа потреба од една поголема интервенција за санација на пристаништето. Под бекатон плочките беа утврдени поголеми оштетувања, па доколку не се извршеа овие зафати ќе се доведеа во опасност сите кои го користат пристаништето, вели капетанот на Капетанијата на пристаништа, Горан Устијаноски.   

Активностите се одвиваат успешно и се очекува да завршат до крајот на неделата .

OhridNews