Охридските јавни претпријатија „Градски гробишта“ и „Нискоградба“ денеска започнаа акција за санирање на оштетените делови на улиците во стариот дел на Охрид.

Градежните активности започнаа од просторот кај Малиот плоштад и ќе се одвиваат по целата должина на улицата „Коста Абраш“ до црквата „Св. Софија“. Според планираното, ќе бидат преуредени коцките од калдрмата, во оние делови каде што има оштетувања, а просторот околу црквата партерно ќе се уредува.  

Паралелно со активностите на улицата „Коста Абраш“ ќе се врши санација и на улицата „Цар Самоил“, по што ќе се санираат и оштетувањата на сите останати улички во стариот дел на градот.   

OhridNews