Градежно-оперативните екипи на ЈП „Градски пазар“, деновиве, активно работат на санација на металните заштитни огради на детските и повеќенаменските спортски игралишта лоцирани на различни делови во Охрид.
Се работи и на поставување и досредување на новата заштитна мрежа на детското спортско игралиште на улица „Карпош Војвода“, а се постави и нова мрежа на детското спортско игралиште во населба „Христо Узунов“.
Се обновува и оштетената и насилно отстранета заштитна ограда на кружната раскрсница на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул. „Македонски Просветители“.
OhridNews