Во рамки на проектот на Локалната самоуправа за реконструкција на дрворедите, денес беа исечени дел од липите на улицата Димитар Влахов.


Според најавите на локалната самоуправа, предвидено е да се отстранат вкупно 53 садници липа од оваа улица, на чие место ќе бидат засадени нови 80 садници Лигуструм.


Дел од нив беа засадени минатиот месец, на просторот пред  охридската Гимназија.


Според најавите, по завршување на овој зафат ќе следат и други активности за целосна  реконструкција на улицата „ Димитар Влахов“.

Реализацијата на проектот за зелена урбанизација на Охрид беше поддржан и на дебатата што се одржа во месец март годинава, на која учествуваа претставници на Локалната самоуправа, јавните претпријатија, експерти и екологисти.

OhridNews