-Кај нас постои феномен за се да се чека последниот момент. Граѓаните не ги нарачуваат и не ги изготвуваат геодетските елаборати, па нема комплетна документација. За процесот да не се одолговлекува со законските измени кои се во собраниска процедура, рокот за изготвување на елаборатите се скратува на 18 месеци и нема да се чекаат шест години, изјави Јанакиески.
Според него процесот на легализацијата на дивоизградените објекти во државава се одвива очекувано и досега биле легализирани од 7 до 15 % од објектите.