– Засега нема промени во однос на состојбата на оштетената брана. Со преземените активности се избегна опасноста од прелевање на водата, со оглед на тоа дека нивото на водата пред испуштањето на водата се наоѓаше само на 15 сантиметри од врвот на браната. Она што можеше да се преземе се направи. Намалена е опасноста за поголем притисок од водата кој би придонел за дополнително оштетување на браната. Сепак, зависи и од временските услови и од интензивноста на врнежите од дожд, велат од Дикрекцијата за заштита и спасување.
Состојбата на терен постојано се следи од страна на Центарот за управување со кризи.
Зафатите за испуштање на водата од Слатинското езеро следуваа по големите оштетувања на земјената брана кои беа забележани пред три недели, при што претеше опасност од неконтролирано излевање на езерото и поплавување на големи површини плодно земјоделско земјиште и имоти од околните села.