Легендарниот Силвестер Сталоне го припрема петтиот, последен филм од култниот серијал за виетнамскиот ветеран Џон Рамбо. Филмот во кој Сталоне ќе се прости од славниот јунак ќе се вика „Последна крв“, а во него би требало да игра и Мики Рурк. Се разбира, Силвестер Сталоне ќе ја игра главната улога, но и ќе го режира филмот по сопствено сценарио. Рамбо во најновиот филм би требало да се соочи со припадници на нарко картел.

„Рамбо“ е филмски серијал заснован на новелата на Дејвид Морел „Прва крв“. Џон Рамбо е виетнамски ветеран, некогашен припадник на „Зелените беретки“ кој е обучен со вештини за преживување, борба гради во гради, герилско војување… Првиот филм од серијалот е снимен во 1982 година, а потоа следувале уште три продолженија.