Една украинка се соблекла гола на меѓународниот аеродром Рафик Харири, бидејќи протестирала против забраната за пушење во самите простории на аеродромот.

Обезбедувањето на аеродромот набрзо интервенирало,и ја тргнале од пред очите на останатите патници, а ја задржале на испитување.

Забраната за пушење во просториите на аеродромот стапила во сила по излегувањето на законот со кој се забранува пушење во сите јавни установи.